На Првата конференција за патна инфраструктура, искуства, предизвици, перспективи што од 2 – 3 ноември 2023 г. се одржува во Охрид, универзитетската професорка д-р Јасмина Буневска – Талевска  учествуваше како панелист, во рамки на вториот панел.

Како единствен претставник од УКЛО, проректорката Талевска со другите панелисти: заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија Фатмир Битиќи  и министерот за економија Крешник Бектеши се осврнаа кон улогата на градежништвото во економскиот развој на државата.

Дводневната  Конференција е во организација на Здружението за градежништво, индустрија за градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Министерство за транспорт и врски и ЈП за државни патишта.

Конференцијата се затвора со завршно обраќање од Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво, индустрија за градежни  материјали и неметали, при Стопанската комора на Северна Македонија