Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола официјално стана потписник на Спогодбата за реформирање на научното истражување на Европската фондација за наука (https://coara.eu/agreement/signatories/?category%5B0%5D=north-macedonia#signatories).

Спогодбата предвидува заеднички правец за промени во практиките на научните истражувањата, истражувачите и организациите кои вршат истражување, чија главна цел е максимизирање на квалитетот и влијанието на истражувањето.

Документот исто така ги вклучува принципите, обврските и временската рамка за реформи и ги афирмира принципите на Коалицијата за унапредување на научното истражување (CoARA) во насока на успешно спроведување на реформите.

Потпишувањето на Спогодбата и приклучувањето кон оваа иницијатива, за УКЛО е нов чекор напред кон сопствена меѓународната афирмација и етаблирање во релевантните меѓународни коалиции и тела како рамноправен чинител во областа на науката и научно-истражувачката дејност.