УКЛО започна со изработка на својата нова стратегија, клучен документ што го дефинира и насочува развојот на Универзитетот и ги утврдува начините за постигнување и реализација на поставените цели.
Во процесот на изработка на стратегијата за развој, УКЛО го вклучува целокупниот акдемскиот и административен кадар, студентите и алумните на Универзитетот. Посебно внимание ќе посвети на идеите и предлозите од бизнисот, инстуциите, локалните самоуправи, граѓанскиот сектор, претставниците на меѓународната заедница и опкружувањето.
На овој начин УКЛО планира да овозможи имплементација на највисоки академски стандарди за да обезбеди високо позиционирање благодарение на транспарентни и инклузивни процеси и отвореност кон пошироката заедница.
Линк до прашалникот