Благодарение на добрата соработка меѓу УКЛО со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, претставници од УКЛО беа активни учесници на два значајни настани.

Проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска како претставник од УКЛО партиципираше  во меѓународен настан за обука и соработка во високото образование, што се одржа од 10-12 септември 2023 г.  во Регензбург, Германија.

Шест универзитети од Република Северна Македонија меѓу кои и УКЛО активно придонесоа кон новата визија за европска соработка заедно со уште 100 претставици од десет различни европски држави.

Исклучително корисното учество на настанот го обезбедува обединетоста околу визијата дека иднината на универзитетите е евроспка, а заедничка обврска е градење на подобар и поквалитетен образовен систем за сите студенти, и за нивната значајна улога како во академијата, така и за општествата.

Претходно, во организација на Националната агенција Еразмус + на Холандија, институционалниот Еразмус координатор на УКЛО, проф. д-р Рената Петревска Нечковска, како единствен претставник од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола учестуваше на  семинарот Erasmus + TCA “Let`s talk about the ECHE”, во Хаг, Холандија.

Овие последни учества се уште една потврда за вклученоста на УКЛО во активностите на Националната агенција со што се негува и постигнува трајно партнерство насочено кон перманентно проширување на соработката.