Агенцијата за пошти на РСМ, како регулаторно тело во областа на поштенските услуги, во соработка со Канцеларијата на Народниот правобранител, во рамки на информативниот караван „Агенцијата за пошти поблиску до корисниците на поштенски услуги“, реалзира едукативна средба  со студенти од УКЛО.

Целта на кампањата е да се доближи работата на давателите на поштенски услуги до граѓаните, да се подигне јавната свест за начинот на користењето на поштенските услуги и да се запознае јавноста, особено младите луѓе со правата на корисниците на овој вид услуги.

Обраќање на настанот имаше ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски и во својство на домаќин, од името на УКЛО се заблагодари за можноста студентите од УКЛО, пред се од Правниот факултет поблиску да се запознаат со законските права на корисниците и обврските кои ги имат давателите на поштенските услуги. Носечки теми на едукативната средба на којашто учествуваше и директорот на Агенцијата за пошти, проф. д-р Сретен Миладиноски  беа: Улога на давателите на поштенски услуги и Правата на корисниците на поштенски услуги.

Претходно, на Техничкиот факултет – Битола, проф. д-р Јанез Кожељ, архитект, урбанист и планер од Универзитетот во Љубљана, Словенија, oдржа гостувачко предавање на тема „Урбанистичко и сообраќајно решение и претворање на центарот на Битола во пешачка зона“. Во присутво на професори и студенти од Техничкиот факултет, претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Општина Битола, Советот на Општина Битола и јавни претпријатија, предавањето се реализира во соработка со Ротари клуб Битола во рамки 25 годишнината од неговото постоење. Проректорката на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска како претставник од стручната фела посочи дека инфраструктурните проблеми треба да се решаваат интегрирано. Таа ја нагласува потребата од реализација на доставените студии, стратегии и визии и предавањето на словенечкиот гостин, професорот Кожељ оценува дека е во насока на поширока кампања  и сензибилизација за  посебно важна урбанистичка тема.