Проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илик учествуваше на конференција организиран од националните агенции ЕРАЗМУС+ на земјите од МедНет: Кипар, Хрватска, Франција, Грција, Италија, Малта, Португалија, Србија, Словенија, Шпанија, Северна Македонија и Турција.

Меѓу целите на настанот е зајакнување на меѓународната димензија во високото образование преку програмата Еразмус+ 2021-2027 г. што е постигнато со обединување на високи универзитетските претставници, чија положба и надлежност овозможува вмрежување, поврзување на институциите за соработка и размена на најдобри идеи и практики.

Проректорот Илиќ оценува дека конференцијата воедно, на академските актери им  трасира патека за дизајнирње нови проекти во области од заеднички интерес, во контекст на програмата Еразмус+ во која, покрај претставниците од членките на МедНет и од јужниот дел на Медитеранот, интегрирни се и академски чинтели од субсахарска Африка со што се проширува можноста за дополнително вмрежување и идна соработка.

Станува збор за прв ваков коорганизиран настан во Еразмус+ програмата за обука и соработка надвор од границите на програмските европски земји, во кој македонската национална агенција  е претставена од универзитетите: УКИМ, УКЛО, ДУТ и „Мајка Тереза“. Националната Агенција за првпат беше ко-организатор на ваква меѓународна конференција за високо образование.

Богатата содржина и  програма на конференцијата создаде простор за плодна дискусија на работните групи, можност за поврзување на учесниците, квалитативна соработка и развивање нови идеи што ќе произлезат благодарение на  зајакната и проширена  меѓусебна корелација.

УКЛО со своето активно учество и во оваа академска прилика, ја промовира и афирмира својата посветеност за  академска кооперативност и поврзување, како  императив за современо академско дејствување со понагласена рефлекција во меѓународен контекст.

Конференцијата се одржа во универзитетскиот кампус на UM6P – Mohammed VI Polytechnic University во градот Бенгерир во Кралството Мароко, од 4 до 7 март 2024 година.