Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола стана дел од глобалното движење на Times Higher Education (Impact Rankings 2024).

Мисијата на Times Higher Education е да биде релевантен извор на податоци и поддршка на високото образование ширум светот.

За УКЛО, приклучувањето кон ова респектабилно рангирање е доказ за  посветеноста кон извонредност во образованието, истражувањето и влијанието во заедницата, нагласува проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ.

Тој од име на менаџментот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го акцентира задоволството и гордоста дека УКЛО како дел од ова стратегиско движење станува препознаен на глобалната платформа и на тој начин се отвораат видици и нови можности за студентите, универзитетот во целина и за пошироката заедница.

Оваа нова етапа на УКЛО во стремежот кон извонредност, се очекува воедно да генерира  и активности и ефекти што ќе резултираат со потребно, трајно влијание врз заедницата.