Бидете и вие дел од настанот “Tвојата кариера во 2022 година” кој го организира БИНТЕРН, во соработка со Центарот за кариера, алумни и доживотно   учење при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

Настанот ќе се одржи online на 29 декември (Среда), со почеток  во 17.00ч.

Настанот е осмислен како панел дискусија која треба да се развие поеѓу компаниите и студентите во Македонија. На панел дискусијата ќе присуствуаат компании од повеќе градови од Македонија, кои ќе бидат на располагање на студентите и кои ќе одговараат на прашања на студентите поврзани со нивната кариера за новата 2022 година.

Целта на настанот е студентите да може да се запознаат со сѐ она што се очекува од нив од страна на комапниите како нивни работодавачи.

Настанот е од отворен тип, а сите заинтересирани може да го пријават своето учество на следниот линк: https://forms.gle/FCqnnj5GT257Kw1P9