Во чест на новите дипломци и магистри на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, одржана е пригодна свеченост.
Честитки за успешно завршените студии на прв и втор циклус студии изрази ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски. Тој им порача дека на ФИКТ стекнале солидна основа за да бидат препознатливи и конкурентни на пазарот на труд, потсетувајќи ги дека знаењето е нивното најмоќно оружје.
На триесеттината дипломци и магистри им се обрати деканот на ФИКТ, проф. д-р Благој Ристевски како и претставници од IW Connect, фирма со која Факултетот и УКЛО остваруваат успешна соработка заради подготвеноста завршени студенти својата ИТ кариера да ја градат како вработени во оваа компанија.
На настанот што се одржа на 28.02.2023 г. прогласен е и најдобриот студент на генерацијата, Димитар Митревски, на којшто за постигнатиот успех му се врачени пофалница и парична награда.