Во составот на Универзитетот постои само една установа од овој вид, а тоа е Студентскиот дом “Кочо Рацин” во Битола. Оваа државна установа со својата основна дејност овозможува обезбедување услови за сместување и исхрана на студентите кои студираат на високообразовните установи во Битола и во извесна мера, иако недоволно, заради ограничените капацитети, прифаќа за сместување и организирана исхрана дел од овие студенти.
Дејноста се реализира преку сместувачки капацитет од 360 легла, распоредени во 113 соби и постојана можност за подготовка на 2000 оброци дневно, со што може да им се излезе во пресрет и на студенти кои се приватно сместени . За задоволување на другите потреби на студентите сместени во Домот, опремени се посебни простории за читални и занимални , а просторната лоцираност овозможува практикување на спортско-рекреативни активности за што постојат специјално наменети терени за мал фудбал, кошарка, одбојка и слично.
Контакт:
- Ул. “Студентска’ бр.2
- Битола
- Тел.: + 389 (0) 47 255 132
- Факс: + 389 (0) 47 255 134
- https://dsdkochoracin.com.mk/