Добитникот на стипендијата Тома Фила, Сара Срезовска започна да остварува едногодишно стручно усовршување кај Адвокатското друштво ВЕРИТАС БИТОЛА.
Фондацијата склучи Договор со адвокатот Никола Дабиќ, со цел стипендистката Сара Срезовска да биде ангажирана како адвокатски приправник, почнувајќи од ноември 2023 г.
За стручното усовршување, Срезовска, ќе добива месечна стипендија што ја исплаќа Фондацијата.
Со доделување на стипендија Тома Фила, УКЛО им дава дополнителна мотивација на своите студенти. Тоа претставува признание на досега вложениот труд и поттик за понатамошно надоградување што помага во нивното стручно усовршување, истакнаа проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ и деканката на Правниот факултет – Кичево, проф. д-р Светлана Вељановска.
При потпишување на Договорот, претседателот на Адвокатската заедница во Битола, Никола Главинче, директорот на Фондацијата, проф. д-р Сашо Коруновски и Генералниот секретар на УКЛО, м-р Теодора Михајловска изразија задоволство дека стипендијата се доделува на еден од најдобрите студенти со највисок остварен просек на прв и втор циклус студии.
Стипендистката Сара Срезовска се заблагодари за можноста да биде дел од успешната приказна на Фондацијата Тома Фила, на Правниот факултет и Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола кои и на овој начин помагаат во градењето на професионалната кариера на младите правници.