На 13.07.2022 година во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и неговиот колега проф. д-р  Димитри Бело од Универзитетот  ,,Фан С. Ноли’’  од Корча потпишаа Договор за взаемна  соработка со којшто се утврдени принципите на идната соработка во повеќе академски области.

Oзваничувањето на соработката меѓу двата универзитети доаѓа како резултат на веќе воспоставена соработка и според ректорите Коруновски и Бело   претавува добра можност за продлабочување и надоградување во делот на заеднички студиски програми,  учество во проекти и научни конференции,  особено затоа што Битола и Корча имаат длабоки историски врски кои ќе се развиваат со академското поврзување.

Во рамки на средбата  разгледана е иницијативата за отварање Лекторат за македонски јазик во Универзитетот во Корча, процес во којшто покрај двата универзитета треба да се вклучат владите на двете земји и други надлежни установи.

На чинот на потпишувањето на Договорот за соработка меѓу УКЛО и  Универзитетот  ,,Фан С. Ноли’’  од Корча присуствува блиски сорабoтници на двајцата ректори: претседателот на Сенатот од УКЛО, проф. д-р Пеце Николовски и од гостите, проректорот, д-р. Бенита Ставре како и деканите од Факултетот за образование и Факултетот за природни и хуманистички науки, д-р. Јонела Спахо и д-р Сонела Стило.