Во рамките на престојот на Универзитетот во Валона „Исмаил Ќемали“, Албанија, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски со неговиот колега проф. д-р Роланд Зиси оствари работна средба.

Меѓу темите од заеднички академски интерес двајцата ректори разговараа за повеќе аспекти на соработка во областа на високото образование и за можностите за заедничко учество и во останатите клучни акции во рамките на Програмата ERASMUS+ , како и на билатерално ниво во рамките на Регионот.

Ректорот Зиси со задоволство ја прифати поканата во септември да биде гостин на УКЛО, кога се планира конкретизирање на соработката, што ќе обезбеди проширена рамка за реализација на академски форми и активности од заеднички интерес, зголемување на академската размена, учество во заеднички проекти и заедничко организирање стручни и научни собири.

Посетата на Универзитетот во Валона „Исмаил Ќемали“ се реализира во периодот од 13.06.2022 до 17.06.2022 година и претставува дел од студиски престој во рамките на ERASMUS+ Клучна акција 107 (Академска мобилност помеѓу програмски и партнерски земји).