Студентите од УКЛО  остварија три победи на натпреварите во футсал во Државната Универзитетска лига во футсал, што се реализира во организација на Универзитетската спортска федерација на Македонија.  Без пораз и со одлично одиграни натпревари студентите спортисти од УКЛО остварија три победи во трите одиграни натпревари во есенскиот дел.

Претходно, и кошаркарската екипа од УКЛО ги заврши натпреварите од есенската полусезона. Натпреварите од овие лиги продолжуваат напролет.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола покрај  во футсал и кошарка, ќе учествува и во натпреварите од универзитетските лиги во ракомет и одбојка.