На 18.10.2023 г. во Ректоратот на Универзитетот „Фан С. Ноли“, ректорот, проф. д-р. Димитри Бело и проректорката за наука и проекти, проф. д-р. Бенита Ставре,  остварија  средба со проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ.

Во фокусот се најдоа повеќе теми кои произлегуваат од меѓусебниот договор за соработка, насочени кон проширување и конкретизирање на взаемната поврзаност во повеќе академски области.

Во пријатна атмосфера, разгледани се и други актуелни прашања во областа на заеднички студиски програми, размена на кадри, академско искуство, научна експертиза, аплицирање во заеднички проекти, организација на заеднички академски активности.

Проректорот Горан Илиќ во рамки на посетата ги извести колегите од Универзитетот „Фан С. Ноли“ за унапредените можности за соработка во областа на публикациите и приликата наставно-научниот и соработнички кадар да објавуваат научни трудови во меѓународното научно списание на УКЛО “Хоризонти”,  што ќе се публикува во изменета и  подобрена содржина, според највисоки стандарди на академско издаваштво.