На 30.03. 2022 година во Охрид одржана е 200-та седница на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Станува збор за една пријатна традиција,  јубилејни седници на Управата и Сенатот да се одржуваат надвор од Битола како седиште на Универзитетот, што го одразува регионалниот карактер на УКЛО.

Покрај 200-та седница на Универзитетскиот сенат, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беше домаќин и на редовната 278-ма седница на Ректорската управа. На овој начин УКЛО ја потврдува својата специфична позиција и интегрираност. Инаку, првата седница на Сенатот на УКЛО е оджана на 26.05.1999 година.

Во чест на јубилејната седница од работата на највисокиот орган на управување на УКЛО, Универзитетскиот сенат, студентите од ФТУ – Охрид во рамки на практичната работа, пред сенаторите и членовите на Управата ги претставија своите гастрономско –  угостителски вештини.