На покана од Студентскиот дом „Кочо Рацин“ – Битола, седници на Универзитетскиот сенат и Ректорската управа се одржаа во оваа придружна членка на УКЛО.
Претставниците на највисоките органи на УКЛО, воедно, се запознаа со севкупните услови за сместување и грижа за студентите. Директорката Соња Карапец се осврна кон адаптираниот центар за студенти со попреченост, со кој, Студентскиот дом од Битола е единствен во државата со ваков важен објект. УКЛО е посебно горд дека со конкретни активности од страна на членка на Универзитетот се применува законската можност за пристап и обезбедување соодветни услови за студирање за сите членови во општеството.
Работната посета на Студентскиот дом „Кочо Рацин“ – Битола заврши со дегустација на студентското мени.