На покана на Научниот институт за тутун – Прилеп, 204 седница на Универзитетскиот сенат  се одржа во оваа најстара единица на УКЛО.

Поводот беше искористен за свечено претставување на реновираната предавална и воедно свечена сала на Институтот, чија  ентериериерна адаптација се реализира со финансиска поддршка од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Работната посета на Научниот институт за тутун – Прилеп сенаторите ја  заокружија со посета на петте акредитирани лаборатории во Институтот при што се запознаа со нивната дејност и значење.

Од име на Научниот институт за тутун – Прилеп,  директорката, проф. д-р Валентина Пеливаноска овозможи посета на Музејот за тутун во којшто се изложени експонати поврзани со сите аспекти на тутунот. Станува збор за  раритетна збирка од близу 3000 предмети од коишто во Музејот (којшто во светски рамки е втор по големина), изложени се 750 ретки експонати.

Инаку, на УКЛО има пријатна  традиција,  по повод позначајни настани и случувања, седници на Управата и Сенатот да се одржуваат надвор од Битола како седиште на Универзитетот, што го одразува регионалниот карактер на УКЛО.