По  успешно одржаната Универзитетска студентска конференција, УКЛО ги објави резултатите од УСК и иницира дополнителни активности.

Студентите и академскиот кадар на УКЛО се вклучуваат во реализација на нов проект „УКЛО НЕФОРМАЛНО УЧЕЊЕ“, за подобрување на знаењето, вештините и компетенциите на студентите.

Комисијата за студентски работи на УКЛО оцени презентираните трудови да се објават  во новото  студентско списание на УКЛО „NEW HORIZONS – Journal of students’ research“.

Резултатите од УСК се претставени и на видео клип како добра насока за креирање и други активности за обезбедување средина во којашто студентите на УКЛО перманентно ќе напредуваат и ќе ги развиваат нивните индивидуални способности и интелектуални капацитети.

УКЛО РЕЗУЛТАТИ – ВИДЕО.