Во организација на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на УКЛО, на 20.10.2023 г. во СИЦ, се одржа работилница за меки вештини. Обуката е одржана во рамки на проектот ,,Поддршка во транзиција на кариерата кај студентите во Македонија“ (Career Transition Support Macedonia) што го спроведува Светскиот универзитетски сервис на Германија (WUS Germany) со финансиска поддршка на покраината Северна Рајна Вестфалија.

Студентите и младите лица кои зедоа учество на работилницата се стекнаа со дополнителни квалификации што треба да им овозможат реализација на поставените цели. Насочена кон студентите и младите лица, обуката ги засилува нивните компетенции и придонесува за транзиција на кариерата и нивниот професионален развој.

Интересната работилница опфати неколку теми меѓу кои: изработка на CV, креирање мотивационо писмо, симулација на интервју, кариерно советување и вмрежување. Освен студенти од УКЛО, на настанот присуствуваа и студенти од УКИМ – Скопје и УГД – Штип.

Инаку, програмата Career Transition Support Macedonia овозможува подобрување на вештините за Аплицирање за работа кои се во полето на интерес на младите лица и претставува прв чекор за добивање платена практиканска работа во период од 3 до 6 месеци (октомври 2023-март 2024), со месечен надомест од 250 евра.

УКЛО е дел од програмата Transition Support Macedonia како резултат на успешно реализираните активности минатата година. Во наредниот период најавени се и други работилници и обуки со кои студентите, добитници на грантот за практикантска работа од овој проект, ќе добијат знаења, вештини и поддршка во фазата на транзиција: од студирање до вработување.