На 24.11.2022, проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ оствари средба со професори од Универзитетот Евроазија од Јереван, Ерменија, д-р Едгар Амирхајан и  д-р Тигран Харутјуњан.

На состанокот разгледани се прашања за идна соработка со потпишување договор за соработка, соработка во рамки на Еразмус + програмата, заедничко учество во научни конференции, семинари, летни школи и сл. Посетата на гостите од Ерменија е остварена преку peer to peer програмата во рамки на WEASA школата, чиј алумни е професорката, д-р Ангелина Станојоска која учествуваше на работната средба.

Гостите го посетија и универзитетското радио УКЛО ФМ и разговараа околу можностите за споделување искуства и соработка на планот на медиумска актуелизација на академски содржини.