Во рамки на одбележувањето на 25 април, Денот на основањето на УКЛО, промовирани сe доктори на науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски промовира три  нови доктори на науки и тоа: Ирфан Мухареми, доктор на науки од областа на безбедноста од Факултет за безбедност –Скопје, Анита Зенуни, доктор на науки од областа на надареност и талентираност од Педагошки факултет – Битола и Ана Лазаровска, доктор на науки од областа на сообраќајот и транспортот од Техничкиот факултет-Битола.

Покрај раководството на УКЛО, на чинот на промоција присуствува декани од единици на УКЛО на кои се одбранети докторските трудови како и најблиски членови од семејствата на новите доктори на науки.

Пригодната свеченост се одржа на 25 април 2023 г. во Ректоратот на УКЛО.