На 11.05.2023 на Правниот факултет Кичево – ДС Битола промовирана е Монографијата „Функционална анализа на Народниот правобранител во Република Северна Македонија“, резултат на обемно научно-истражување реализирно од тим  професори од Правниот Факултет- Кичево и тоа: проф д-р Мирјана  Ристовска, проф  д-р Светлана Вељановска, проф д-р Никола Тунтевски, доц д-р Иле Масалковски и  проф д-р Елизабета Спироска од  Меѓународниот славјански универзитет од Свети Николе.

Рецензентите на трудот проф д-р Ристо Речкоски и проф д-р Саша Дукоски истакнаа дека истражувањето врз кое се темели Монографијата е направено во подолг временски период, а резултатите ќе бидат од голема корист за стручната јавност. Пред академската јавност, содржината на Монографијата ја презентираа авторите во присуство и на проректорите од УКЛО, проф. д-р Јове Димитрија Талевски и проф. д-р Горан Илиќ.

Заклучоците кои произлегоа од ова истражување се во насока на поддршка и развој на оваа институција во вистинска насока што ќе значи и трајно развивање на демократијата во нашата држава и зголемување на ефикасноста на работењето, пред сè на државните органи,органите на државната управа, органите на единицата на локалната самоуправа и другите органи и организации што имаат јавни овластувања.