На 26 мај во Техничкиот факултет во Битола во организација на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО се одржа работна средба помеѓу претставници од ЕВН Македонија со наставниот кадар на електротехничкиот отсек, а во продолжение  се одржа и презентација на компанијата за можностите и програмите што компанијата ги нуди за студентите од електортехничкиот отсек, можностите за развој на професионалните вештини преку различните програми кои ги нуди ЕВН Македонија, како и можностите и условите за користење на стипендија и нивно вработување.

Самиот настан беше надополнет со презентација на една од повеќето наши студенти, кои својата кариера успешно ја градат во оваа реномирана компанија.

На настанот, беше истакнато големото значење на соработката помеѓу УКЛО и ЕВН Македонија, а исто така беше потенцирано дека ваквиот пристап ја потврдува улогата на ЕВН Македонија како општествено одговорна компанија која  продолжува да ги поддржува студентите, кои покрај можноста да бидат стипендисти на ЕВН Македонија, имаат и можност да посетуваат практична работа како и да следат предавања на стручни лица од компанијата.

Во рамките на посетата, беше обновен и Меморандумот за соработка помеѓу УКЛО и ЕВН Македонија  АД Скопје, проширен и со Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје.