УКЛО продолжува со успешното поврзување со компаниите како начин за поголема  кохезија помеѓу високото образование и индустријата, што претставува предзнак на современите Универзитети.

Токму  во таа насока, беше и работната средба која во организација на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО, се реализираше во компанијата КОСТАЛ со претставници од Факултетот за туризам и угостителство-Охрид.

Работната средба беше насочена кон операционализација на поставените цели согласно претходно потпишаниот Меморандум за соработка, како и поставување на временска рамка за реализација на истите.

Воспоставената соработка на УКЛО со оваа реномирана компанија, претставува уште една алка во ланецот мерки кои актуелното раководство на УКЛО ги превзема со цел подигнување на квалитот на студентите во систем како и  дипломираните студенти.

На работната средба се разговараше за оптимализација на меѓусебните односи, за можноста студентите своите практични знаења да ги стекнуваат и во оваа компанија, а можностa за стипендирање која оваа компанија ја нуди ќе претставува и дополнителен мотив за тоа што поголем број средношколци да се запишуваат на факултетите за технички науки што е од посебен интерес и за  двете страни. Се разговараше и за можностите стручни кадри од компанијата да се вклучат во наставниот процес како дел од клиничката настава која што се изведува на факултетите. Беше истакната и потребата, студентите своите истражувања за  магистерските и докторски трудови да ги вршат во погоните на оваа компанија со стручна помош од експертите во компанијата. Исто така од страна на претставниците на универзитетот, со задоволство беше прифатена идејата вработените во компанијата да можат своите стручни надквалификации да ги стекнат на една од единиците на УКЛО.