Профeсорот од Факултетот за безбедност – Скопје, Александар Иванов учествуваше во работата на највисоките органи на UniAdrion, јадранско-јонската мрежа што промовира и поттикнува регионален развој преку академска и научно – истражувачка соработка.

Тој информира дека на двете тела, Генералното собрание и Управниот одбор каде учествуваше како делегиран претставник од УКЛО, разгледани се повеќе актуелни прашања. На состаноците особена важност се придаде на зголемување на учеството на студентите, во насока на изнаоѓање на начини и механзими за нивно активно и зајакнато вклучување во сите активности.

Потенцијалот за соработка во UniAdrion е голем и произлегува од усвоената Стратегија на Европската Унија EUSAIR, насочена кон развој на Јадранско-Јонскиот регион во кој живеат повеќе од 80 милиони жители.

На состаноците особена важност е посветена кон зголемување на учеството на студентите и изнаоѓањето  начини и механзими за нивно активно и зајакнато вклучување во сите активности.

Последните активности се одржаа на 23 мај 2023 г. на Универзитетот во Зеница, Босна и Херцеговина. Инаку, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола е полноправна членка на оваа академска мрежа каде што членуваат високообразовни и научно – истражувачки институции од земјите во јадранско – јонскиот басен.