Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, со поддршка од Фондацијата „Конрад Аденауер“ од СР Германија и Вилфред Мартенс центарот за европски студии од Брисел, објавува Повик за учество на студенти на Регионалната Универзитетска школа на којашто ќе партиципираат професори и студенти од високообравозовните институции од Република Северна Македонија, Република Бугарија и Република Србија.

 

Целна  група:

Студенти на прв, втор и трет циклус студии во државата. Од Република Северна Македонија ќе се изберат вкупно 10 студенти коишто ќе бидат дел од Школата, заедно со студенти од другите држави.

Период и локација:

Регионалната школа ќе се одржи со физичко присуство во Скопје, во периодот од 07.04.2022 до 09.04.2022 година

Работен јазик:

Англиски

 

Начин на пријавување и селекција на учесниците:

Сите заинтересирани студенти од Република Северна Македонија можат да се пријават со доставување на писмо за мотивација (не подолго од една страна) и кратка биографија на следната email адреса: marjan.gjurovski@uklo.edu.mk

 

 

Рокот за доставување на апликации е: 05.04.2022 година 

По доставувањето на пријавите ќе се изврши селекција на пријавените студенти врз основа на следниве критериуми:

– Да се студенти на прв, втор или трет циклус студии

– Да се во можност да учествуваат за целото времетраење на регионалната школа

– Да покажат интерес за темите и лична мотивација (преку писмото за мотивација)

– Да имаат познавање на англискиот јазик

– При процесот на селекција може да се земе предвид и просечниот успех на студентот.

            

Лице за контакт:

Проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ –Битола: marjan.gjurovski@uklo.edu.mk

Задачи на проектот:

Проектот ќе понуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, учениците и практичарите од земјите во Регионот, а воедно ќе се испитаат и тесните грла за соработка и координација.

 

Цели на школата: 

Настанот има, пред сé, образовни цели, со јасно дефинирани образовни резултати за студентите. Во таа насока ќе бидат организирани работилници и панел дискусии.

Школата исто така ќе има за цел дефинирање на можните решенија и политики, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката. Со идентификуваните предизвици и проблеми, како и решенијата студентите, професорите и практичарите, ќе се излезе во јавноста, преку презентирање на конечен производ на знаења што ќе се користат во иднина на Универзитетите, во рамки на нивните студиски и предметни програми, како реални резултати од проектот.

 

Линк до повикот: