Антонио Чоневски од Педагошкиот факултет – Битола e најдобриот оратор на државниот натпревар што по повод Денот на европското обединување – 9 Мај го организира Европското движење во Република Северна Македонија.

На традиционалниот настан што се одржа на 19 мај 2022 г. на којшто учествуваат студенти од сите универзитети во државата,  Антонио Чоневски за своите говорнички вештини го освои првото место и е прогласен за најдобар оратор.

Високиот успех на студентот Антонио Чоневски од Педагошкиот факултет – Битола се надоврзува на неговото неодамнешно учество на годинашниот УКЛО ТРИВИУМ, манифестација која Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја организира во рамки на чествувањата посветени на Денот на основањето на УКЛО.

Антонио Чоневски е студент од групата Англиски јазик и книжевност на Педагошкиот факултет – Битола, единица на УКЛО.