ОГЛАС 

за доделување  награди за најдобри научници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола 

Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола објавува Оглас за наградување на најдобри научни достигнувања во учебната 2022/23  во следниве три категории:

  1. Најдобар научник во академската 2022/23

Критериум за рангирање: Oбјавени трудови во научни списанија индексирани во Scopus базата (квартил Q1), рангирани според збирот на CiteScore (SCOPUS) на списанијата каде се објавени трудовите.

Трудовите треба да се објавени во периодот 01.10.2022 – 30.09.2023. Тие треба да бидат објавени со УКЛО афилијација или ко-афилијација на авторот и да бидат депонирани во ePrints репозиторииумот на УКЛО  и/или на Google Scholar во листата на УКЛО.

Во случај трудот да има повеќе автори (ко-автори) со тој труд на огласот може да учествува само еден од авторите/ко-авторите.

  1. Најплоден научник во академската 2022/23

Критериум за рангирање: Број на објавени трудови во научни списанија индексирани во Scopus базата (во кој било квартил), рангирани според вкупниот број објавени трудови.

Трудовите треба да се објавени во периодот 01.10.2022 – 30.09.2023. Тие треба да бидат објавени со УКЛО афилијација или ко-афилијација на авторот и да бидат депонирани во ePrints репозиторииумот на УКЛО и/или на Google Scholar во листата на УКЛО.

Во случај трудот да има повеќе автори (ко-автори) со тој труд на огласот може да учествува само еден од авторите/ко-авторите.

  1. Најактивен научник во академската 2022/23

Критериум за рангирање: Број на објавени написи за активностите на научникот (проекти, предавања, трудови, и друго поврзано со УКЛО) на веб портали (освен веб порталите на УКЛО) во земјата и странство, кои написи референцираат кон вебсајтовите и репозиториумите на УКЛО (вклучувајќи ги единиците на УКЛО).

Написите треба да се објавени во периодот 01.10.2022 – 30.09.2023 и во текстот задолжително да референцираат кон УКЛО, што значи содржат линк кон било која ***.uklo.edu.mk адреса (пр.uklo.edu.mk, eprints.uklo.edu.mk, fikt.uklo.edu.mk итн.)

Во случај за активноста  да има повеќе објави  на различни веб портали кои сите реферинцираат кон ***.uklo.edu.mk се бодираат сите објави.

Во случај во објавата да се наведени повеќе учесници од УКЛО со таа објава може да учествува само еден од учесниците во активноста..

Пријавите се поднесуваат на овој формулар заклучно со 31.10.2023

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdmFuuEDUoOfHaBJHtpx80WYIaGX6xfyBt6Wh9MS4UWenPVPw/viewform?usp=sharing

Признанијата ќе бидат доделени на свеченост по повод Меѓународниот ден на науката во форма на пофалници за сите кои ќе се пријават на огласот, плакети и парични награди за најдобрите три рангирани научници во трите категории.

Право на учество имаат сите вработени на УКЛО и афилирани кон УКЛО (насловни наставници, стручњаци од практиката, членови на УКЛО мрежата и сл.).

Едно лице може да се пријави во една или повеќе категории.