На 08.11.2023 г. во Кугланата во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, УКЛО во соработка со Кугларската Федерација на Република Северна Македонија, организираше натпревари во куглање за студентите,  наставниот и адмнинистративен кадар на Универзитетот.

Пред почетокот на натпреварите, на присутните им се обрати ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, којшто нагласи дека куглањето за првпат се организира на УКЛО и целта е, во текот на пролетниот дел наредната година, да се организира систем на натпревари, за студентите на УКЛО, со намера за проширување и на државно ниво.

Натпреварите ги следеше и проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска. За најдобрите поединици по завршувањето на официјалниот дел од натпреварувањето беа додели дипломи и благодарници.

Најуспешни куглари меѓу студентите беа Кристијан Саламовски од Ветеринарниот факултет – Битола, Емилија Соклевска, од ФИКТ – Битола и Кристијан Велјановски, ФБТН – Битола.

Во категоријата наставен и административен кадар најдобро се пласираа: Бојан Михајловски од Ректорат на УКЛО, Јосиф Петровски, професор од Педагошкиот факултет – Битола и Васко Сиваков, од Ректоратот на УКЛО.

Следната недела УКЛО продолжува со организација на спортски натпревари во шах, пинг-понг и пикадо.