Студентското собрание при Техничкиот факултет Битола, одржа Трета факултетска студентска конференција посветена на Техниката и урбаниот развој.

На Конференцијата се претставени повеќе трудови од студенти на додипломски и постдипломски студии од отсеците „Електроенергетски системи и обновливи извори на енергија”, „Машинство”, „Индустриско инженерство и менаџмент”, „Сообраќај и транспорт” и „Мехатроника”.  Конференцијата доби и меѓународен предзнак со учеството на студенти  од ФИКТ –Битола, Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје и гости од Сараево.

Настанот се одржа на Техничкиот факултет – Битола на 16.11.2022 г.   во рамки на одбележувањата на Светскиoт ден на науката.

Честитки за идеите и иницијативоста до учесниците упатија деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Митко Костов и претседателот на факултетското Собрание, Никола Гачевски.

Од име на УКЛО, значајната активност ја поздрави проректорката за студентски работи,  проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска којашто го изрази  задоволство од воспоставениот континуитет на Конференцијата и најави уште еден важен настан на УКЛО, одржување Универзитетската студентска конфереција на 21 декември 2022.