На  УКЛО се одржа работилница за лажни вести и спротивставување кон дезинформациите: „Како да се разликуваат лажни вести, точно од неточно“.

Работилницата е втор сегмент од проектот ,,Јавна дипломатија 2023“ што го спроведува Центарот за Европа на Универзитетот во Варшава по одржаната Меѓународна научна конференција на тема ,,Врие на истокот,  врие на југот? Предизвици за безбедност и стабилност во Европа“, реализирани со поддршка од Министерството за надворешни работи на Република Полска.

Проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ, учесник на работилницата, пренесувајќи ги универзитетските перспективи на настанот, укажа дека се третираат прашања поврзани со дезинформациите и лажните вести, преку научна, академска дебата и презентација на научни резултати, за да се сензибилизираат студентите со проблемот од дезинформациите,  кои стануваат сè поактуелни во секојдневното живеење.

Истакнато е исклучителното значење за подигање на свеста и препознавање на лажните вести  и потребно знаење за опасностите од дезинформации кои се лиферуваат преку различни канали и имаат тенденција со неточност и тенденциозност да влијаат врз формирање на јавното мислење.

Работилницата се одржа во Студентскиот информативен центар на УКЛО, на 7 ноември 2023 година.