Во организација на УКЛО, Македонско-американската алумни асоцијација и УСС УКЛО, на 24.04.2023 г. се одржа работилница на тема ,,Денес волонтер/волнотерка,утре лидер/лидерка, во рамки на проектот кој МААА го реализира на четири државни универзитети.

Целта е да се поттикне волонтерството помеѓу младите, да се промовира ставот дека волонтирањето не е работење без пари, туку давање приодонес за подобро општество.

Верица Јорданова, претседател на Македонско-американската алумни асоцијација, нагласи дека со проектот треба да се поттикнат воннаставни активности за студентите и учениците, за да се стекнат со знаења и вештини кои не се опфатени во наставните програми.

Проректорката за студенстки работи на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска истакна дека освен промоција на волонтерството, проектот има и втор столб – промовирање на Студентскиот клуб за одржливо живеење на УКЛО, за чие уредување е добиена донација од МААА.

Станува збор за друштвена игра за поттикнување на одржливиот развој меѓу младите и студентите. Проектот ќе продолжи со одржување на други работилници и промоција на Студенсткиот клуб за одржливо живеење.  Настанот се одржа во СИЦ на УКЛО.