На 3 февруари 2024 год. Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола упешно ја реализира зимската сесија на Годишната конференција за презентација на докторски проекти.

Учество на Конференцијата зедоа 26 докторанти заедно со своите ментори и професори. Во три сесии, тие ги презентираа докторските истражувачки проекти кои во наредниот период ќе прераснат во докторски трудови.

Конференцијата ја отвори проректорот за наука проф. д-р Горан Илиќ, а модератори на сесиите беа професорите, д-р Ванѓелица Јовановска, д-р Весна Антовска Книгхтс и д-р Никола Крстаноски, членови на Советот на трет циклус студии при УКЛО.

Успешно презентираните докторски проекти ќе бидат депонирани во ePrints репозиториумот на УКЛО, што е воведена практика од ланската Годишната конференција.

Инаку, одржувањето летна и зимска сесија во рамки на Годишната конференција за презентација на докторски проекти е меѓу редовните активности на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола.