Врз основа на утврдениот факт дека во предвиденот рок не се поднесени приговори, Универзитетската изборна комисија на УКЛО на седницата одржана на 7.06.2022 година усвои конечен Записник од сумираните резултати од гласањето за избор на ректор и донесе конечна Одлука за избор на ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Како што е познато од прелиминарната Одлука,проф. д-р Игор Неделковски, редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола и актуелен проректор за наука на Универзитетот избран е за ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, со мандат од три години, почнувајќи од 1 октомври 2022 година.