Во пресрет на 25 април, денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 20 април 2022 година одржана е заедничка свечена седница на Ректорската управа и Универзитетскиот сенат.

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски обраќањето го посвети на академската заедница и упати  благодарност за сите што биле и се дел од неа – студенти, професори, соработници и вработени. Тој нагласи дека УКЛО има солидна база и академска подлога за новиот менаџмент, за следното раководство, најавувајќи го почетокот на постапката за избор на нов ректор, процедура која на еден симболичен начин се соедини со пригодниот настан.

Формалното конституирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се  одржа на 25 април 1979 година, од кога започнува развојот на УКЛО, којшто трае веќе 43 години.

Во рамки на чествувањата, на 19 април 2022 г. одржана е промоција на осум доктори на науки. Од основањето на Универзитетот до денес, докторирале вкупно 404 доктори на науки.

По повод  25  април, денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола,  за студентите од УКЛО одржан е  Универзитетски турнир во мал фудбал.