На иницијатива на Одборот за евалуација на високото образование, на Универзитетот се одржа средба на која присуствуваа Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, генералниот секретар м-р Офелија Христовска, претставник од Централната административна и стручна служба на УКЛО и членови на Одборот за евалуација, и тоа претседателката проф. д-р Марина Митревска, проф. д-р Билјана Кузмановска, проф. д-р Јусуф Зејнели, проф. д-р Цвете Димитриевска и проф. д-р Ирина Петровска.

Потребно е да се напомени дека на УКЛО за првпат се остварува официјална средба со членови на Одборот за евалуација и истата е во рамки на серија средби што Одборот ги иницира со повеќето универзитети во земјата, а се во функција на градење професионални релации и заедничка соработка, како за поставување основи на процесите за обезбедување и подобрување на квалитетот на високото образование на национално ниво, така и на Универзитетско/факултетско ниво.