На 6 април 2023 година ректорот Игор Неделковски и проректорите, Јасмина Буневска-Талевска и Јове Димитрија Талевски остварија средба со новоименуваниот генерален конзул на Република Бугарија во Битола, Николај Димитров и неговиот заменик Илијан Крстев.

На средбата, ректорот и проректорите на УКЛО ја истакнаа соработката што УКЛО ја негува со  реномирани високообразовни институции од повеќе региони во соседна Бугарија, преку бројни билатерални и договори за соработка во рамките на Е+ Програмата. При тоа се разменија идеи и размислувања за понатамошно проширување на академските релации преку вклучување и други институции и асоцијации.