Во Ректоратот на УКЛО одржана е работна средба со претставници од Вишеградскиот фонд чиишто активности се прошируваат во земјите од Западен Балкан.

Главна тема на дискусија  беше проширување на соработката, посебно во делот на студентски стипендии и други форми на мобилност на академски кадри и соработка, што се овозможени од флексибилноста на програмите што ги нуди Фондацијата.

Извршниот директор на Вишеградската фондација, Петар Мареш, кој на средбата присуствуваше со дел од својот тим, ги претстави можностите за соработка и вклучувањето на УКЛО.

Покрај ректорот Игор Неделковски и проректорката за студентски работи, Јасмина Буневска – Талевска, на средбата учествуваа и академски кадри од УКЛО.

По работиот дел, гостите одржаа презентација за студенти од УКЛО.