Проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ воедно, главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание Хоризонти  ја прокламира новоста дека  списанието и официјално  е индексирано во престижната CEEOL база на податоци (онлајн библиотека од Централна и Источна Европа) (https://www.ceeol.com/search/journal-detail?id=4182).

Од името на УКЛО, проректорот Илиќ објави дека ова значајно достигнување за Хоризонти, доаѓа по посветена и напорна работа чиј резултат меѓу другото е целосно преуредување и редизајнирање. За најновото достигнување  на списанието упатена е благодарност до  уредувачкиот  тим,  авторите и рецензентите. Нивната  континуираната  и ентузијастичка поддршка го  овозможи извонредното позиционирање.

Во врска со успехот, Хоризонти да биде дел од базата на податоци на CEEOL,  УКЛО оценува дека се отвораат нови хоризонти  и за списанието. Современото устројување обезбедува поширока платформа за ширење и достапност на висококвалитетни научни истражувања и перманентно подигање на  стандардите во научното објавување.