Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола перманентно ја збогатува билатералната соработка и отвора нови перспективи за академска размена, заемна поддршка во различни програми и проекти, гостувачки предавања, конференции и други научни собири.
Во тие рамки го бележиме потпишувањето на најновиот Договор за соработка помеѓу УКЛО и Воксен Универзитетот од Индија.
На овој начин, потписниците на Договорот се заложија за зголемување на видливоста на своите институции на глобално ниво.