Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола продолжува да ја збогатува билатералната соработка и ги проширува хоризонтите за академска размена.
Во тие рамки го бележиме потпишувањето на најновиот Договор за соработка помеѓу УКЛО и Универзитетот Дејвид Акмешенебели од Тбилиси, Грузија.
Потписниците на Договорот на овој начин се заложија за заемна поддршка во различни програми и проекти, гостувачки предавања, конференции и други научни собири, што е во насока на зголемување на видливоста на институциите на пошироко, глобално ниво.