На 20.09.2022 Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје беше домаќин  на Конференцијата посветена на 20. Септември – меѓународниот ден на универзитетскиот спорт прогласен од УНЕСКО, во организација на Универзитетската спортска федерација на Македонија.  На Конференцијата со тема: Перспективите на универзитетскиот спорт во Република Северна Македонија присутните беа поздравени од претседателот на Универзитетската спортска федерација на Македонија проф. д-р Ленче Алексовска-Величковска и директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија, г-динот Наумче Мојсовски. Покрај домашни настанот беше збогатен и со присуството на гости од странство меѓу кои позначајни се г-дин Матјаж Печовник, генерален секретар на Европската универзитетска спортска федерација и претстедателот на турската универзитетска спортска федерација г-дин Мехмет Ѓунај.

На настанот на којшто присуство зедоа голем број студенти од универзитетите во земјата, учествуваа и претставници и студенти на УКЛО носители на медали од последните Европски универзитетски игри.