Во рамки на одбележувањето на 17 Ноември, Меѓународниот ден на студентите, на УКЛО се одржаа традиционални Универзитетски спортски турнири во пинг-понг, шах и пикадо.

Покрај 50 –ната студенти, професори и вработени од единиците на УКЛО, во натпреварите се вклучија неколку спортски клубови: пингпонгарскиот Пелистер и шаховскиот, Шах – Шех  и за прв пат со поддршка  од Општина Битола.

Универзитетските спортски турнири завршија со доделување медали и дипломи за најдобрите и благодарници за сите учесници, што ги додели проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска. По повод на настанот и масовниот одзив на турнирите, таа ја потврди определбата и подготвеноста на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола да делува во насока на континуирано унапредување на студентските права и студентскиот стандард кои вклучуваат и манифестации од спортско – рекреативен и воопшто социјално – инклузивен карактер.

Универзитетските спортски турнири во пинг-понг, шах и пикадо се одржаа на 16.11 2023 г.  во Студентскиот информативен центар  на УКЛО.