Факултетско студентско собрание на Економски факултет – Прилеп

 

Врз основа на член 34 став 1 од Статутот на Факултетското студентско собрание и одлуката донесена на состанокот на Факултетското студентско собрание на Економски факултет – Прилеп на 24.01.2023 г. се објавува

КОНКУРС

за избор на заменик студентски правобранител

Се распишува конкурс за избор на заменик студентски правобранител на Економски факултет – Прилеп, за мандатен период од 2 години, без право на реизбор.

Услови: кандидатите за заменик студентски правобранител треба да се редовни студенти на Економски факултет – Прилеп и да е со просечна оценка од најмалку 8.

Кандидатите што ќе се пријават на конкурсот поднесуваат:

  • Пријава
  • Потврда за редовен студент
  • Потврда за просечна оценка од студиите
  • Кратко CV (биографија) во Europass формат
  • Мотивационо писмо

Потребните документи се испраќаат на fssefp@uklo.edu.mk , најдоцна до 09.02.2023 г.

Конкурсот се објавува на веб страната во Универзитетското студентско радио УКЛО ФМ, веб страницата на Универзитетот и факултетот и огласната табла на факултетот.

 

Претседател на ФСС на Економски факултет – Прилеп

Кристина Димитриеска