Претставници од академската заедница, експерти и студенти,  учествуваа на  Катедрата Аденауер 2023 и ги споделија своите гледишта за актуелни теми што се однесуваат на регионот на Западен Балкан, безбедносните и надворешни предизвици, особено во поглед на руската воена агресија во Украина и во светло на најновите конфликти и терористички напади.

Проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ се осврна кон предизвикот да се менаџира целокупната ситуација на Балканот и денес и во иднина, за да се извлече максимална корист за земјите од Западен Балкан. Потврда за актуелноста на  Катедрата изнесе и Даниел Браун, директор на Фондацијата Конрад Аденауер, со оценка дека тема е безбедноста во регионот, но и безбедноста како глобален предизвик.

Модераторот на овогодишната „Катедра Аденауер 2023“ Васко Наумовски од Академијата за Европски интеграции  – Скопје, посочи дека дискусиите  треба да го свртат вниманието на меѓународната и на дипломатската заедница за потребата од натамошно проширување во време кога стабилноста во Европа е сериозно загрозена од повеќе страни.

Присутните ги поздрави и ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски кој посочи дека безбедносните и политичките прашања се високо на агендата на УКЛО.

На настанот присуствуваа и проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска и претседателот на Сенатот, проф. д-р Николче Јанкуловски. Стручни излагања имаа неколку академски кадри од УКЛО: д-р Горан Илиќ, д-р Елена Темелковска – Аневска, д-р Елена Тиловска Кечеџи, сите професори на Правниот факултет – Кичево и Кирил Миноски, поранешен Министер за финансии.

Катедрата Аденауер 2023  се одржа  на 17 октомври 2023 г. во СИЦ на УКЛО,  во организација на Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенсод Брисел, Академијата за Европски интеграции – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.