Во Студентскиот информативен центар  на УКЛО, на 7 ноември 2023 година со почеток во 10 часот ќе се одржи работилница за лажни вести и спротивставување кон дезинформациите.

Работилницата се одржува во рамки на натпреварот „Јавна дипломатија 2023“ спроведен од Центарот за Европа Универзитетот во Варшава во соработка со повеќе установи и институции вклучени во активноста, со поддршка од Министерството за надворешни работи на Република Полска.