Врз основа на членството во Алијансата на европските универзитети „КОЛОРС“, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ –  Битола и УСС УКЛО на 14.2.2024 година објавуваат

ЈАВЕН ПОВИК

до студентите од прв, втор и трет циклус студии 

за вклучување во активности на 

Алијансата на европскиот универзитет „КОЛОРС“

 

Се повикуваат сите студенти од прв, втор и трет циклус студии заинтересирани за ангажман во различни предизвици што ги нуди Алијансата на европските универзитети „КОЛОРС“, да аплицираат за учество.

Во дизајнот, организацијата и спроведувањето на активностите, во рамките на Алијансата „КОЛОРС“, студентите имаат клучна улога, а се и главни корисници на придобивките што произлегуваат од овие активности. Повеќе информации за Алијансата „КОЛОРС“ и учеството на УКЛО во неа, ќе најдете на: https://uklo.edu.mk/moodle/course/view.php?id=80

Секој студент треба да ги исполнува следниве услови:

  • Добро да го познава македонскиот стандарден јазик (говорење, кореспонденција, читање).
  • Добро да го познава англискиот јазик (говорење, кореспонденција, читање).
  • Да ги познава Мајкрософт офис (Microsoft Office) и алатките на Гугл (Google).
  • Да има основно познавање за софтверските алатки за дизајн на слики, видеа, веб-дизајн, програмски јазици (или желба да се научи).
  • Да ги познава алатките за комбинирана соработка.

Од секој студент се очекува следното:

  • Проактивност – самоиницијативно преземање активности и обврски и давање идеи.
  • Одговорност – навремено одговарање на задачите.
  • Желба за развој, работа и надоградба.
  • Посветеност кон работата (со активности, физичко присуство, ангажман).
  • Стабилност во своите размислувања.
  • Подготвеност да се вмрежува без предрасуди.
  • Отворен ум за соработка, конструктивна критика, напредок.
  • Култура и почит во комуникација со соработниците од земјата и од странство – во Алијансата и надвор од неа.

Бројот на студенти што ќе бидат вклучени во првите две години од функционирањето на Алијансата „КОЛОРС“ е најмалку 10 студенти. Ќе биде направена листа и студентите ќе бидат поканети за вклучување во одредени активности. Студенти може да има од секој факултет/единица на УКЛО, но барем 60 % од нив, мора да бидат од Битола, заради тоа што специјалниот простор ќе се наоѓа во централното градско подрачје на Битола.

За секој активно вклучен студент, следува финансиски надомест.

Дополнително, голем број студенти ќе имаат можност да придонесат во активностите на Алијансата и да градат знаења, вештини и компетенции. За придонесот, ќе бидат вреднувани на различни начини – со сертификати, дополнителни ЕКТС-кредити, потврди за пракса, сертификати за воннаставни активности итн. Искуствата и истражувањата што ќе ги прават во активностите може да бидат основа и за дипломски, магистерски и докторски теми, научноистражувачки трудови и проектни задачи, како нематеријална придобивка.

Заинтересираните студенти може да аплицираат на: (Повик за студенти за вклучување во активности на Алијансата на Европски Универзитети КОЛОРС (google.com) најдоцна до 28 февруари 2024 година.

Напомена: Повикот трае 2 седмици од денот на објавувањето!

                                                Борис Гушевски

претседател на Универзитетско студентско собрание

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Алијанса на европскиот универзитет „КОЛОРС“