НЕ г-динот Андреа Силвестри, Амбасадор на Италија во Република Северна Македонија, за време на својата посета на Битола, на 15 јули 2022 година, оствари средба со ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски.
Во рамки на посетата која се одвиваше во пријатната атмосфера, ректорот Коруновски го запозна високиот гостин со личната карта на УКЛО и неговата посебност.
Амбасадорот Силвестри изрази посебен интерес за соработка и поврзување во неколку домени имајќи ги предвид можностите за промоцијата на културното наследство и културниот туризам кои се во функција на поврзување на двете пријателски земји.
Дополнително, Амбасадорот изрази желба и подготвеност за идни средби и контакти и во тој контекст и за изучување на италијанскиот јазик на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.
Инаку, станува збор за прва посета на италијанскиот амбасадор на Ректоратот на УКЛО.