Факултетот за Биотехнички науки – Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, беше домаќин на ИНФО ден во организаиција на WUS Germany (Светски универзитетски сервис) и УКЛО претставуван преку КРЕДО центарот. Настанот што се одржа на 30.05.2024 г. им овозможи на студентите да се запознаат како може да бидат дел од Програмата.
Инаку, CAREER TRANSITION SUPPORT MACEDONIA на УКЛО се реализира веќе три години и преку неа 40-тина студенти беа селектирани и избрани да бидат дел од истата.
CAREER TRANSITION SUPPORT MACEDONIA, им овозможува на студентите да реализираат платена практична работа во траење од 3 до 6 месеци, со нето месечен надомест од 250 евра, средствата што се обезбедени од владата на германската покраина Северна Рајна Вестфалија.
Како резултат на успешно реализираните активности во изминатите две години, најновиот Инфо ден на ФБН предизвика големо вимание и заинтересираност на студенти кои се пред дипломирање или дипломирале во последните шест месеци.